fbpx

Novitec нуди решение за ултра брз McLaren Senna со 889 КС

McLaren Senna e исклучителен суперавтомобил, а тјунерската куќа Novitec сега понуди решение за сите оние кои посакуваат и поекстремно издание

McLaren го нуди својот модел Senna и во GTR верзија, но во тој случај заинтересираните клиенти остануваат „врзани“ за тркачката патека, бидејќи тој модел не е легален за секојдневна употреба на патиштата. Сепак, Novitec најде решение за сите оние кои сакаат уште полуди перформанси на „обичниот“ Senna.

Тјунерската компанија подготви програма за суперавтомобилот на McLaren наречен по легендарниот возач од Formula 1 Аиртон Сена. Автомобилот се напојува со 4,0-литарски twin-turbo V8 мотор кој развива 789 КС i 800 Nm вртежен момент, но благодарение на Novitec таа моќ е зголемена на 889 КС и 888 Nm максимален вртежен момент. Резултатот на работата на тјунерот се огледува во зголемувањето на силата за 100 КС и вртежниот момент за 88 Nm, а благодарение на тоа, модифицираниот Senna од нула до „стотка“ стигнува за само 2,7 секунди, една десетинка побрзо од стандардниот модел.

Уште поимпресивно кај ова издание на McLaren Senna од Novitec е забрзувањето од 0 до 200 km/h кое се достигнува за 6,5 секунди, односно 0,3 секунди побрзо од претходно. Сепак, максималната брзина не е променета и таа и понатаму изнесува 335 километри на час.

Novitec не направи промени на изгледот на Senna

За зголемувањето на моќноста свој допринос даде и новиот издувен систем од инконел, тип на супер легура која се користи во конструкцијата на болидите од Formula 1. Издувниот систем може да се добие во комбинација со тјунирање на моторот или одделно. Завршетоците на издувните цевки со размер 95 милиметри се достапни во мат црна и боја од полиран не’рѓосувачки челик.

Novitec во овој случај не го менуваше изгледот на автомобилот освен што стандардните наплатки се заменети со Vossen сет. Напред се наоѓаат 20-инчни тркала со гуми со димензии 255/30 ZR20, додека назад се наоѓаат тркала со гуми со димензии 325/25 ZR21. За 500-те среќници кои го купија својот примерок на Senna, тјунерската компанија нуди и опција за уредување на внатрешноста со различен избор на кожа и алкантара во повеќе бои.

Поврзани вести

Back to top button