fbpx

Novitec подготви своја верзија на Ferrari F8 Tributo

Ferrari F8 Tributo веќе е брз и стилски одличен автомобил, но тоа не го спречи тјунерот Novitec да се обиде да го унапреди

Тјунерската куќа Novitec направи своја верзија на Ferrari F8 Tributo со неколку подобрувања, унапредувања и модификации. Почнувајќи со моторот, оваа компанија нуди различни перформансни пакети за битурбо 3,9-литарскиот V8 мотор кој нормално испорачува 720 КС и 770 Nm максимален вртежен момент.

Најмоќното унапредување ја зголемува моќноста на 802 КС и 898 Nm максимален вртежен момент, што е зголемување од 82 КС и 128 Nm. Благодарение на дополнителната моќност, спринтот до „стотка“ се стигнува за 2,6 секунди, а максималната брзина е поголема од 340 километри на час.

Novitec Ferrari

Во согласност со перформансната тематика, Novitec нуди и различни издувни системи кои ги опишува како „инвестиција во поголема забава при возењето“. Конкретно, стаснува збор за Inconel спортски издув со златна облога за подобро изолирање на топлината и се одликува со два големи завршетоци за издувниот систем со комбинација на карбон и нерѓосувачки челик.

Кога станува збор за изгледот, купувачите ќе можат да нарачаат карбонски преден спојлер како и карбонски акценти за хаубата и отворите за воздух. Моделот може да биде опремен и со поспортски прагови и голем заден спојлер кој ја зголемува потисната сила. Купувачите можат да нарачаат и уникатен дифузер и асортиман на различни тркала.

На крајот, Novitec изгледот на овој Ferrari F8 Tributo го заокружува со спортските амортизери кои ја намалуваат висината на возилото за 35 милиметри, а тука се и унапредувањата во внатрешноста, за која купувачите можат да изберат специјално „искроена“ кабина со „највината кожа и Алкантара во било која боја и дизајн“.

Поврзани вести

Back to top button