fbpx

Novitec направи помоќна и побрза верзија на Ferrari F8

Тјунерската куќа Novitec ја претстави својата најнова креација базирана на Ferrari F8 која пристигнува со уште поголема моќност од претходно

Ferrari F8 Spider дебитираше пред две години како кабрио верзија на F8 Tributo. Тјунерот Novitec сега успеа да го „дофати“ овој суперавтомобил и додаде неколку визуелни и други подобрувања кои ги унапредуваат и онака фантастичните перформанси на возилото. Дополнителната моќност и визуелниот стил се придружени од високо перформансен Inconel издувен систем кој додава бурен звук на страшниот изглед на автомобилот.

Novitec Ferrari F8 Spider

На предниот дел, Novitec додаде дводелен спојлер, кој го намалува подигнувањето на предната оска, карбонски клапи на двете страни од браникот и карбонски инсерти за предницата. Овие елементи помагаат во унапредување на аеродинамиката и разладувањето на возилото, но тоа не е се. Тука се и Novitec ретровизорите и Novitec панелите на долниот дел од возилото, а купувачите ќе можат да бираат меѓу поголем заден спојлер или големо крило. Суперавтомобилот е поставен на уникатни 21-инчни тркала напред, односно 22-инчни позади.

Novitec Ferrari F8 Spider

3,9-литарскиот битурбо мотор на Ferrari и понатаму е задолжен за напојувањето, но Novitec го унапреди за да произведува поголема моќност. Тјунерот го додаде и својот N-Tronic контролен модул, кој претставува уникатни калибрации за мапирањето на стартувањето и инјектирањето, а притоа ја подобрува и контролата за електронско засилување на притисокот. Унапредувањата на Novitec му овозможуваат на Ferrari F8 Spider да испорача 802 КС и 898 КС максимален вртежен момент, а спринтот од нула до „стотка“ се достигнува за 2,6 секунди.

Novitec Ferrari F8 Spider

Inconel издувниот систем се одликува со опционална позлата од фино злато за уште подобра дисипација на топлината. Достапен е со или без активно контролирани издувни капаци, а дизајниран е и за заштеда на тежина. Novitec, исто така нуди и мноштво унапредувања за ентериерот, вклучувајќи кожа и Алкантара прилагодени за потребите на клиентите.

Поврзани вести

Back to top button