fbpx

Женева 2019: Новото Renault Clio со награда Најдобар сериски автомобил

Целосно новата генерација на Renault Clio, кој ја имаше својата светската премиера на меѓународниот саем во Женева пред само неколку дена, ја освои престижната награда Најдобар сериски автомобил од годишниот конкурс RTL - Auto Plus - Turbo Grand Prix.

Од француската компанија коментираат дека тоа е одлична награда за иконата на градските автомобили, која има заработено 56% од гласовите, кои можеа да бидат распределени меѓу 8 сериски модели демонстрирани на салонот.

„Среќни сме дека публиката е задоволна од дизајнот на целосно новиот Clio“, коментира Антоан Гениј, потпретседател на единицата за ентериер, по повод првата награда за моделот. „Уште на прв поглед, ентериерот е револуција, со фокус на технологијата, удобноста и просторноста за возачот и сите патници. Новото Clio е прифатлив автомобил, што го прави секојдневниот живот на нашите клиенти уште полесен“.

Clio

Поврзани вести

Back to top button