Новото Volvo S60 официјално во салонот на Volvo Cars
Во салонот на Volvo Cars Macedonia денес официјално ни беше претставена третата генерација на луксузниот спортски седан Volvo S60
Третата генерација на Volvo S60 претставува првиот модел на брендот кој нема да биде понуден со дизел мотори. За сметка на ова клиентите ќе можат да го порачаат моделот со две хибридни верзии, односно T6 и T8 Twin Engine AWD, кои доаѓаат со погон 4х4 и моќност од 340 и 400 коњски сили.
Спортскиот седан се базира на SPA платформата, на која исто така се основаат и новиот XC60, моделите од серијата 90 и новото комби V60. Новитет се и технолошките системи во областа на безбедноста, како City Safety кој ги активира автоматски сопирачките при препознавање на пешаци и големи животни, адаптивен автопилот кој му помага на возачот при забрзување и вртење при брзина до 130 km/h, a тука е и системот за спречување на напуштање на сообраќајната лента.
На листата на погонски системи се наоѓаат и чисто бензинските единици, кои претставуваат 2,0 литарски мотори, со ознаки T4, T5, T6 и T8. Првиот, односно Т4 располага со 190 КС и погон само на предните тркала, додека пак Т5 испорачува моќност од 250 КС и достапен е и со погон на сите четири тркала.T6 на новиот S60 му обезбедува 310 КС и погон на сите тркала, а од него како што напоменавме достапна е и хибридна варијана Т6 Twin Engine со 340 КС. Последниот, Т8 претставува хибриден погон кој располага со моќност од 390 КС. Достапна е и специјалната едиција, Volvo S60 Polestar Engineered, која доаѓа со моќност од 405 КС.
Новиот Volvo S60 доаѓа со почетна цена од 49.950 евра, а за повеќе информации обратете се во салонот на Volvo Cars Macedonia или посетете ја нивната веб страна www.volvocars.com.