BMW ги обединува силите со Great Wall
Новата компанија со заедничко вложување ќе биде првенствено фокусирана на производство на хибриди и електрични возила, објави Ројтерс
Раководството на германскиот автомобилски концерн BMW преговара околу можностите за отворање на втора заедничка компанија со локален производител на територијата на Кина . Овој пат баварскиот партнер ќе биде Great Wall, објави Ројтерс.
Според законите на Кина, странските автокомпании имаат право да произведуваат автомобили во земјата само ако соработуваат со локален бренд. Партнер на BMW Group одамна е Brilliance China Automotive Holdings Ltd. и неодамна договорот помеѓу двете компании беше продолжен до 2028 година.
Новата компанија со заедничко вложување ќе биде првенствено фокусирана на производство на хибриди и електрични возила, објави Ројтерс.
Неодамна, кинеските власти воведоа задолжителни квоти за автомобили со алтернативен погон за сите странски производители. Тие стапуваат во сила во 2019 година.
Изворот на агенцијата тврди дека преговорите меѓу двете компании се веќе при крај и се „пеглаат“ финеси. Автомобилите ќе бидат произведени во фабриката на Great Wall во Chanshu, според договорот, само хибриди и електрични модели.