Објавен концептот Lexus BEV
На 46-от автомобилски саем во Токио ќе биде промовирано новото електрично возило на Lexus
Саемот во Токио ќе се одржи од 23-ти октомври до 4-ти ноември оваа година, каде ќе се промовира и новиот концепт Lexus BEV. Засега од компанијата објавија една фотографија и кратко видео. Конкретни детали за концептот сеуште не се објавени. Lexus BEV според очекувањата е најава за иден сериски електричен модел.
На саемот за автомобили во Шангај, шефот на компанијата Јошихиро Сава го потврди пристигнувањето на целосно електричен модел, како за европскиот, така и за кинескиот пазар, но не и деталите за тоа кога ќе се појави моделот и за каков модел станува збор.