fbpx

Објавен списокот на кандидати за Светски автомобил на годината

Добитникот на престижната награда Светски автомобил на годината за 2021 година и останатите World Car Awards ќе биде прогласен на 31 март во Њујорк

Прогласувањето на Светски автомобил на годината односно доделувањето на World Car Awards би требало да се случи на Салонот за автомобили во Њујорк, но ситуацијата е таква каква што е, па останува неизвесно дали овој настап ќе се одржи поради ковид кризата. Поради тоа останува мистерија дали официјално доделување на физичка награда воопшто и ќе се случи, или сето тоа ќе се одржи преку дигитални канали, на што се навикнавме во изминативе неколку месеци.

Како и да е, избрани се кандидатите за Светски автомобил на годината, а тука се и останатите сегменти за луксузни модели, перформансни автомобили, градски автомобили и наградата за најдобар дизајн.

Кандидати за наградата Светски автомобил на годината се Audi A3, BMW Серија 2 Gran Coupe, BMW Серија 4, Citroen C4 и e-C4, Ford Escape/Kuga, Genesis G80, Honda Jazz/Fit, Honda-e, Hyundai Elantra/Avante, Hyundai i10/Grand i10, Hyundai i20, Kia K5/Optima, Kia Sonet, Kia Sorento, Mazda MX-30, Mercedes-Benz GLA, Nissan Rogue/X-Trail, Seat Leon, Škoda Octavia, Toyota Highlander, Toyota Sienna, Toyota Venza/Harrier, Toyota Yaris/Yaris Cross и Volkswagen ID.4.

Во категоријата „Светски луксузен автомобил на годината влегуваат: Aston Martin DBX, BMW X6, Genesis GV80, Land Rover Defender, Polestar 2, Tesla Model Y, Toyota Mirai и Volvo XC40 Recharge P8 AWD. Кандидати за Светски перформансен автомобил на годината се: Audi RS Q3, Audi RS Q8, BMW Alpina XB7, BMW M2 CS, BMW X5 M/X6 M, Hyundai Veloster N, Mercedes-AMG GLS 63, Mini John Cooper Works GP, Porsche 718 GTS 4.0, Porsche 911 Turbo и Toyota GR Yaris.

За наградата за Светcки градски автомобил на годината ќе се борат: Honda Jazz/Fit, Honda-e, Hyundai i10/Grand i10, Hyundai i20, Kia Sonet, Toyota Yaris/Yaris Cross,

Поврзани вести

Back to top button