fbpx

Објавени 29 кандидати за Европски автомобил на годината

Жирито на автомобилски новинари во изборот за Европски автомобил на годината го објави списокот на 29 кандидати за престижната награда

Наградата Европски автомобил на годината традиционално се доделува на Салонот за автомобили во Женева. Но, со оглед на тоа дека е извесно дека таа манифестација нема да се одржи ниту во 2021 година, се очекува победникот да биде прогласен преку интернет. 29 модели ќе се натпреваруваат за титулата и сите од нив се нови автомобили. Дел од нив се веќе во продажба или ќе пристигнат наскоро до крајот на годината на најмалку пет европски пазари.

Актуелен сопственик на ова признание е Peugeot 208. Оваа година и понатаму постои шанса оваа награда да остане во рацете на францускиот производител со 2008, откако жирито елиминираше седум модели и се дојде до бројката од 29 кандидати. Кога станува збор за оваа листа, треба да се напомене дека станува збор за прилично разновидна листа.

Така, на листата се најдоа модели како новиот Citroen C4, Dacia Sandero и Fiat 500. Ford Explorer и Kuga исто така се кандидати, како и Honda-e и Honda Jazz. Hyundai исто така е во добра форма со i10, i20 и Tucson кои се кандидати за наградата. Сепак, тие ќе треба да се борат со конкуренцијата која ја сочинуваат Cupra Formentor, Kia Sorento, Mazda MX-30, Peugeot 2008, Seat Leon и Škoda Octavia. Листата на „мејнстрим“ кандидати ја заокружуваат Toyota Mirai и Yaris, како и Volkswagen Golf и ID.3.

Европски автомобил на годината

Овие модели ќе треба да се натпреваруваат со премиум моделите како Audi A3, Land Rover Defender и Polestar 2. BMW има два кандидати во „ликот и делото“ на Серија 2 Gran Coupe и Серија 4, но Mercedes е вистинскиот „победник“ меѓу номинираните со четири кандидати – GLA, GLB, GLS и новата S Класа.

Ова е навистина импресивна листа на возила кои се кандидати за Европски автомобил на годината. Сепак, истата ќе биде намалена во блиска иднина. Кратката листа на седум номинирани ќе биде објавена на 8 јануари, а победникот ќе биде познат на 1 март.

Европски автомобил на годината

Поврзани вести

Back to top button