fbpx

Објавени првите тизери за новиот Range Rover

Land Rover го потврди датумот за премиерата на новата генерација на Range Rover кој ќе биде претставен на 26 октомври

Новата генерација на адутот на Land Rover, моделот Range Rover, ќе дебитира на 26 октомври, а за таа цел компанијата објави кратко тизер видео заедно со две фотографии од луксузниот SUV. Првиот тизер го прикажува профилот на Range Rover кој, како што се очекиува, добива еволутивен стилски пристап. Севкупната силуета и пропорциите делуваат инстантно препознатливи, а препознатливиот стакленик на задниот дел и црните столбови креираат ефект на лебдечки покрив. Вториот тизер прикажува дел од хаубата каде е испишано името Range Rover, а исто така ни открива и дел од новата решетка.

Гери Мекговерн, еден од челниците на Jaguar Land Rover, ја опишува новата генерација на моделот како „најпосакуваниот Rаnge Rover некогаш создаден“ кој комбинира воздржан екстериер со неодолива кабина.

Како и својот помал „брат“, престојниот Range Rover Sport, така и новиот Range Rover ќе биде поставен на MLA латформата и се очекува да биде понуден во plug-in хибридна, блага хибридна и целосно електрична варијанта, а се најавува и перформансна SVR верзија со битурбо 4,4-литарски V8 мотор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Land Rover (@landrover)

Нема дилеми дека новата генерација ќе го добие најновиот Pivi Pro инфозабавен систем на Land Rоver, а исто така се најавува и управување на задните тркала за некои верзии. Оваа се попопуларна карактеристика ќе го намали вртежниот круг во градските средини и ќе направи големиот премиум SUV да биде поагилен при влегувањето во свиоците при повисоки брзини.

Книгите за нарачки на новиот Rаnge Rоvеr ќе бидат отворени на денот на премиерата, а исто како и неговиот претходник, новиот модел ќе се натпреварува во сегментот на големи луксузни SUV модели.

Поврзани вести

Back to top button