Обновената Alfa Romeo 4C доаѓа следната година
Alfa Romeo покажа мало подобрување на својот 4C спортски модел на почетокот од минатата година
Alfa Romeo покажа мало подобрување на својот 4C спортски модел на почетокот од минатата година, но сега Италијанците најавуваат уште една надградба врз машината. Резултатот ќе го видиме кон крајот на следната година, а со продажбата ќе стартува од 2019.
Од Италијанците се очекува да направат поголеми модификации во суспензијата и управувањето, бидејќи моделот беше критикуван од специјалисти за одредени ситни недоследности. Можно е да се види и нов мотор кој ќе го замени сегашниот 1.75 литарски турбо агрегат. Покрај тоа, 4C ќе добие и нови можности за индивидуализација: нови бои на надворешност, фелни и различни внатрешни колоритни комбинации.
Од сега, моделот ќе продолжи да биде достапен само со автоматски менувач, бидејќи рачниот менувач за во оваа класа на автомобили се покажа како мал (според бројот на степените) коментираат од брендот.