fbpx

Шефот на Alfa Romeo ја одложи премиерата на Tonale

Alfa Romeo Tonale требаше да дебитира оваа есен, но премиерата е одложена за три месеци по одлуката на извршниот директор Жан Филипе Импарато

Извршниот директор на Alfa Romeo, Жан Филипе Импарато, одлучи да ја одложни премиерата на новиот SUV модел Tonale за три месеци од првично предвидениот термин. Причината за сето ова е поради фактот што Импарато не е задоволен од перформансите на plug-in хибридниот систем, пренсесува Automotive News кој се повикува на аномимни инсајдери во компанијата. Според новата одлука, премиерата ќе се одржи на почетокот од 2022 година.

Италијанскиот производител во моделот Tonale има големи надежи со кој драстично треба да се подобри продажбата, но Импарато сака подобри перформанси од малиот SUV, поради што потребно е повеќе време за да се исполнат очекувањата, односно да се направат потребните модификации.

Alfa Romeo Tonale ќе биде поставен на Small Wide LWB 4×4 платформата на FCA, на која е поставен и Jeep Compass, a новиот SUV на италијанската марка ќе треба да претставува влезен модел во поставата на Alfa Romeo и ќе биде позициониран под Stelvio. Автомобилот беше најавен со концептен автомобил на Салонот во Женева пред две години, а продукцискиот модел би требало да го следи стилскиот елемент, но со нови светлечки единици напред и назад и традиционални ретровизори наместо камери.

Погонот останува тајна

Деталите околу погонот остануваат добро чувана тајна, но со оглед на тоа дека ја споделува конструкцијата со Compass, би можел да пристигне со истите plug-in хибридни единици, секако со поголема моќност. Компактниот SUV на Jeep, кој доби свое освежување во Европа, се нуди со 190 и 240 КС, како и со 11,4 kWh батерија. Tonale се очекува да има опсег на движење во чисто електричен режим од неколку десетина километри. Наводно, високоперформансна Quadrifoglio верзија нема да се најде во понудата.

Со оглед на тоа дека претходно беше шеф во Peugeot, Импарато добро знае дека еден компактен SUV може да понуди уште подобри перформанси. Peugeot 3008 plug-in хибридната варијанта комбинира 1,6-литарски мотор со два електромотори за вкупна моќност од 300 КС и поседува нешто поголема 13,2 kWh батерија која нуди 59 километри опсег во електричен режим.

Поврзани вести

Back to top button