fbpx

Официјална премиера за Morgan Plus Four

Британскиот производител на автомобили Morgan го претстави својот прв модел кој користи агрегат со четири редно поставени цилиндри, наречен Plus Four

Британскиот производител на автомобили Morgan го претстави својот нов модел Plus Four, од кој имаат големи очекувања. Во редовите на британскиот производител оптимизмот и очекувањата се толку големи што веруваат дека новиот модел ќе им донесе 30 проценти повисока продажба на ниво на целата компанија.

Plus Four е поставен на новата платформа на Morgan и станува збор за двосед автомобил. Ова возило со ретро дизајн користи агрегат кој потекнува од BMW, а станува збор за 2,0-литарскиот турбо мотор кој испорачува 255 КС и 400 Nm максимален вртежен момент. Така, новиот модел на Morgan е во состојба да направи спринт од нула до „стотка“ за 4,8 секунди, додека максималната брзина на автомобилот е 240 километри на час, што значи дека новиот Plus Four модел пристигнува со истите перформанси како и претходниот Morgan Roadster.

Од Morgan велат дека го рекалибрирале мапирањето на моторот со цел да се дозволи оптимално возење и респонзивност, а исто така во автомобилот се наоѓа и копче на централната конзола кој го активира Sport Plus режимот на возење. Со тоа се заострува педалата за гас со што „се ослободува целосно нов динамичен карактер на автомобилот“. Конкретно, истакнуваат од Morgan, моќноста на моторот се споредува со Morgan Roadster, но реалните перформанси и диманиката се „поставени на целосно ново ниво“.

Новитет за автомобилите на овој бренд е и понудата на два типа на трансмисија, па така купувачот ќе може да бира меѓу стандардниот шестстепен мануелен менувач, или опционалниот осумстепен автоматски менувач.

Morgan веќе ги прима нарачките за својот модел Plus Four, а почетната цена на британскиот пазар изнесува 72.425 евра.

Поврзани вести

Back to top button