fbpx

Официјална премиера за Škoda Enyaq Sportline iV

Електричниот кросовер на Škoda, моделот Enyaq iV, доби уште поагресивен и поспортски изглед благодарение на претставувањето на новата Sportling варијанта

Škoda Enyaq iV има карактеристичен изглед, а со новата Sportline варијанта се задржува препознатливиот преден дел, со тоа што овојпат околу предната решетка се наоѓаат сјајни црни детали, а истиот третман е направен и на покривните шини, рамките на прозорците и задниот браник. Тука се и Sportline беџовите на предните крила и црните логоа, а моделот е поставен на 20-инчни Vega или опционалните 21-инчни Betria тркала од лесна легура и е поставен пониско во однос на остатокот од поставата.

Enyaq Sportline

Во внатрешноста, моделот пристигнува со ексклузивни предни спортски седишта со интегрирани потпирачи за глава обложени во Suedia микровлакна. Црната синтетичка кожа со сиви контрастни конци и трим со карбонски ефект можат да се најдат на контролната табла, додека Enyaq Sportline iV пристигнува и со трикрак управувач обложен во кожа со Sportline беџ, алуминиумски педали и специјални патосници.

Enyaq Sportline

Купувачите можат да изберат меѓу три погони. Поставата почнува со Enyaq Sportline iV 60 чиј електромотор испорачува 180 КС и 310 Nm вртежен момент на задните тркала. Електромоторот се напојува од 62 kWh батерија која овозможува над 400 километри опсег на движење според WLTP циклусот.

Enyaq Sportline iV 80, кој исто така е со погон на задните тркала, пристигнува со моќност од 204 КС и 310 Nm вртежен момент, додека батеријата тука е со капацитет од 82 kWh, а со тоа автономијата на движење се зголемува на 520 километри. На врвот на понудата е Enyaq Sportline iV 80x кој има пого на сите четири тркала, со втор електромотор поставен на предната осовина. Вкупната моќност на оваа варијанта, која исто така користи 82 kWh батерија, изнесува 265 КС и 425 Nm вртежен момент, а може да помине повеќе од 500 километри со едно полнење.

Enyaq Sportline

Сите верзии пристигнуваат со максимална брзина ограничена на 160 километри на час.

Поврзани вести

Back to top button