Официјално доделени наградите за Златно Тркало 2025

Синоќа и официјално беа доделени наградите од шестото издание на Изборот за Најпосакуван Автомобил во Македонија – „Златно Тркало“

Во свечена атмосфера на гала настанот кој се одржа синоќа во ресторанот Рагуза 360, беа доделени признанијата за најпосакуваните автомобили во Македонија за 2025 година, во рамки на шестиот по ред избор Златно Тркало. Настанот повторно ги собра клучните актери од автомобилскиот свет и потврди дека оваа иницијатива станува сѐ посериозна традиција на македонската автомобилска сцена.

Церемонијата на доделување, како и секоја година, претставуваше собир на автомобилски ентузијасти, новинари и професионалци од индустријата, кои ја прославија оваа манифестација што прераснува во вистинска автомобилска традиција кај нас. Наградите беа врачени од организаторите, а нивните добитници беа претставници на официјалните увозници на автомобилските брендови.

Победници по категории за 2025 година

По завршувањето на гласањето, беа објавени победниците во следните категории:

  • Cupra Formentor – Најпосакуван Автомобил во Македонија (39% од гласовите)

  • Audi A5 – Најпосакуван Премиум Автомобил (35% од гласовите)

  • Opel Grandland – Најпосакуван Семеен Автомобил (27% од гласовите)

  • Geely Coolray – Најпосакуван Градски Автомобил (24% од гласовите)

  • Peugeot 3008 – Најпосакуван Електрифициран Автомобил (30% од гласовите)

Наградите им беа врачени на претставниците на официјалните увозници за секој од брендовите победници, во рамки на официјалната церемонија во Рагуза 360.

Оваа година специјалното признание Златно Тркало – за Особен придонес во промоциjа на Македониjа за личност која оставила трага во автомобилската индустрија во светот замина во рацете на Филип Аначковски кој повеќе години е дел од тимот на Rimac Automobili и е одговорен за производство на хиперавтомобили во Bugatti Rimac.

Синоќа и официјално беа доделени наградите од шестото издание на Изборот за Најпосакуван Автомобил во Македонија – „Златно Тркало“

Златно Тркало претставува уникатен начин за избор на најпосакуваниот автомобил преку директно гласање на јавноста. Организирано од Авто Плус, најстариот автомобилски медиум во земјата, со поддршка од CARClub, Cars by Vik, RPM и БизнисИнфо, изборот секоја година добива сѐ поголем интерес и учество.

Гласањето се одвиваше од 15 март до 4 април преку официјалната платформа www.zlatnotrkalo.mk, каде што публиката имаше можност да гласа за својот фаворит во пет категории. Годинава беа собрани рекордни 30.630 гласови.

Синоќа и официјално беа доделени наградите од шестото издание на Изборот за Најпосакуван Автомобил во Македонија – „Златно Тркало“

Со повеќе од 30.000 гласови и силна поддршка од публиката, ова шесто издание на Златно Тркало уште еднаш покажа дека постои сериозен интерес за изборот кај македонската публика. Комбинацијата од јавен глас, професионална презентација и дигитална видливост ја позиционира манифестацијата како водечка во авто-индустријата во земјата.

Со сè поголем интерес од публиката, како и растечки број на поддржувачи, Златно Тркало станува референтна точка за вкусот и преференците на домашните купувачи. Изборот не само што го мери пулсот на автомобилскиот пазар во Македонија, туку и нуди вредна перспектива за тоа кои брендови и модели навистина оставаат впечаток кај публиката.

Поврзани вести

Back to top button