Официјално: Formula 1 ќе се вози во Муџело

Formula 1 шампионатот официјално ги доби деветтата и десеттата трка во сезоната, а за прв пат ќе се вози и на славната патека во Муџело

Најбрзиот циркус на планетата ќе ја има својата дебитантска трка на познатата патека во Муџело на 13 септември. Оваа патека е најпозната по Moto GP трките, а оваа сезона покрај мотоциклистите, ќе ги нагости и возачите од Formula 1.

Покрај премиерната трка во Тоскана, домаќин на Fоrmula 1 сезонава ќе биде и руски Сочи каде ќе се вози за Големата награда на Русија која е закажана за 27 септември. Со ова, F1 ги доби деветтата и десеттата трка во сезоната, чиј почеток беше одложен, а беше и под закана воопшто да не се одржи поради пандемијата на коронавирусот.

Интересно е тоа што Ferrari практично ќе биде домаќин во Fоrmula 1, со оглед на тоа што славната италијанска компанија официјално ја поседува патеката во Муџело која ја користи за приватни тестирања на своите болиди. Formula 1 тимовите досега имале само една шанса да ги тестираат своите способности на оваа патека.

Покрај тоа што ќе биде домаќин, за Ferrari трката во Муџело ќе биде и јубилејна 1000 во Formula 1, така што трката за Големата награда на Тоскана ќе биде од големо значење за италијанскиот тим.

За потсетување, Муџело е четвртата патека во Италија на која се одржува трка во шампионатот од Formula 1. Претходно таа чест ја имаа патеките во Монца, Имола и Пескара.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close