fbpx

Официјално: Lamborghini ќе прави хибриди

Следните генерации на модели Lamborghini Aventador и Huracan ќе имаат и хибриден погон

Тоа го потенцира главниот извршен директор на Lamborghini, Стефано Доменикали, за Top Gear. Двете изведби ќе треба да бидат премиерно претставени во периодот од 2020 до 2022 година. Најнапред ќе треба да се појави наследникот на Aventador S , кој засега ќе го задржи моторот V12 пред задната оска и ќе биде дополнет со електромотор, односно plug-in технологија.

Hurakan ќе го задржи моторот V10, кој исто така ќе добие плус електрична енергија, но и двата модели ќе имаат само скромна километража на струја. Според магазинот, двете изведби на Lamborghini ќе добијат елементи од хибридниот систем на Porsche Panamera Turbo S e-hybrid. Тоа значи моќност од 134 коњски сили и литиум-јонска батерија со капацитет од 14 киловат-часови.

Сепак, сеуште нема официјални информации за тоа како Lamborghini планира да се справи со главната слабост на било кој хибриден систем – додавајќи сериозна дополнителна тежина на масата на автомобилот.

 

Поврзани вести

Back to top button