fbpx

Она што треба да знаеме за Nissan Leaf E-Plus 2019

Премиерата на Nissan Leaf E-Plus 2019, која се забави поради апсењето на Карлос Гон, сепак ќе се одржи. Новиот електричен автомобил ќе биде претставен на Consumer Electronics Show во Лас Вегас на почетокот на следната година, објави Electrive.net.

Новитетот е со новата батерија со капацитет од 60 kW/h, како и нов електричен мотор, чија моќност е зголемена од 150 до 204 коњски сили. Со ова автомобилот ќе може да патува преку 300 километри со едно полнење.

Очекувања имаше дека во новата генерација ќе има систем за ладење, но тоа нема да се појави во серискиот електричен автомобил, иако има потреба од неа. Факт е дека сегашниот Nissan Leaf со батеријата од 40 kW/h, кој исто така ќеостане во продажба, при брзо полнење (80% за 40 минути – 1 час), не дозволува да се пополни капацитетот оттаму два пати по ред.

Leaf

За заштита на батеријата, електрониката ја намалува моќноста на примената струја. Како резултат на тоа, времето за полнење до 80% трае околу два часа во случај на второ полнење наместо 40 минути за првпат. Решението за овој проблем уште не се знае, но според гласините, инженерите ќе додадат дополнителен вентилатор за ладење.

Се очекува дека на европскиот пазар Nissan Leaf ќе чини околу 5.800 евра повеќе од верзијата со батерија со капацитет од 40 kW/h. Продажбата на моделот ќе започне во мај 2019 година.

Поврзани вести

Back to top button