Париз 2018: Онлајн премиера за Skoda Kodiaq RS и Vision RS
Само неколку часа пред почетокот на саемот во Париз, Skoda ги покажа двата автомобили со онлајн презентација.
Skoda Kodiaq RS, кој е и првиот спортски SUV на марката, се одликува со посебен надворешeн пакет, вклучувајќи предна решетка, кровни носачи, рамки на вратите и капаци на страничните ретровизори, исполнети во сјајно црна боја. Новиот SUV е опремен со 2.0 TDI дизел мотор со две турбини кој генерира максимална моќност од 239 коњски сили.
Со класичен футуристички дизајн, Skoda Vision RS е опремена со plug-in хибриден погонски систем.
Вклучена со 1.5 литарски TSI бензински мотор со внатрешно согорување и максимална моќност од 150КС и електромотор со 102КС. Литиум јонска батерија со капацитет од 13 kWh, која за целосно полнење и треба 2,5 часа. Со 245КС, Vision RS е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за 7.1 секунди. А со моќноста и батеријата на електричниот режим може да помине до 70 километри.