Opel Astra доби и редизајнирано издание
Со суптилни визуелни промени и големи технолошки надградби, Opel ја претстави освежената Astra
По неколку месечните тестирања, германскиот производител конечно ја покажа редизајнираната верзија на моделот од Ц-сегментот. Opel со гордост објави дека ова е најефикасната Astra досега направена, благодарение на новите мотори и трансмисии, како и другите паметни подобрувања.
Ако ја погледнете надворешноста, нема да забележите речиси никаква промена. Всушност, Opel дури не зборува за дизајнот на Astra, туку укажува дека прецизниот развој во тунелот за воздух, кој придонесе за намалување на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2. Како резултат на тоа, верзија на Sports Tourer компактниот автомобил има коефициент на влечење од 0,25, додека хечбекот е на 0,26.
Најголемите промени се случуваат токму под моторниот капак, каде што Astra добива низа нови дизел и бензински мотори со турбополнач. На бензиската листа вклучени се три-цилиндарските 1,2 и 1,4 литарски погонски единици со моќност од 110 до 145 коњски сили, за кои Opel ветува просечна потрошувачка на гориво од 5,2 до 5,9 литри на 100 километри, мерена според WLTP стандардите. Помалиот од двата мотори доаѓа исклучиво со шест-степен менувач, додека 1,4 моторот е поврзан со новиот седум-степен CVT.
Дизелскиот спектар е составен од 1,5 литарскиот мотор со две излезни моќности, и тоа 105 и 122 коњски сили. Како стандард, овие единици доаѓаат со шест-степениот менувач, а како опција понуден е девет-степен автоматски менувач, прв за Opel во историјата. Производителот тврди дека емисиите на CO2 се намалени за 17 проценти благодарение на напредниот систем за третман на издувните гасови, кој се состои од пасивен катализатор на оксидација, AdBlue инјектор, SCR катализатор и филтер за дизел честички.
Додека дотерувањето не доведува до подобрување на LED предните светла, Opel додава нови функции како што е дигиталната камера за преглед на задниот дел, со поголем контраст и прецизен поглед на сообраќајот зад автомобилот. Освен тоа, моделот, исто така, добива целосно дигитален инструмент кластер, како и проширени функции за инфозабавниот систем со осум-инчен екран.