Opel Astra со два нови 1.6 литарски мотори
Opel најави две нови единици за своето најпопуларно возило
Ова е со цел да бидат навремено задоволени стандардите Euro 6d-TEMP, кои стапуваат на сила од септември 2019, со кои треба емисиите да бидат подложени на уште построги норми. За таа цел Opel Astra добива два 1.6-литарски мотори, еден бензински и еден дизел.
Бензинскиот има моќ од 200 КС со максимален вртежен момент од 300 Nm, што е доста сериозно достигнување за бензински турбо остварувања со сличен работен волумен. Благодарение на тоа, забрзувањето до 100 km/h кај вака спакуваната изведба ќе изнесува само 7,9 секунди.
Дизелскиот 1.6-литарски мотор ќе има 136 КС и 320 Nm вртежен момент и ќе биде достапен во спрега со 6-брзински мануелен или автоматски менувач. Акцентот е тука за потрошувачка на гориво, а во комбиниран циклус тој ќе изнесува 4,9 литри на 100 километри.