Opel GT X Experimental –визија за иднината
Компанијата Opel го претстави концептниот модел GT X Experimental кој треба да даде идеја за идните електричните кросовери на геманската марка
Премиерата на автомобилот се одржа во дизајнерскиот центар на брендот во Риселхајм. Opel GT X Experimental е создаден на нова, лесна платформа. Линијата на покривот кај компактната машина донекаде потсетува на малиот хечбек Adam. Прототипот се одликува со недостатокот на централни столбови и со LED матрични главни светла со L-облик. Ентериерот на возилото е во минималистички стил, без аналогни и механички копчиња и прекинувачи. Поставен е тенок управувач и целосно дигитален инструментален панел кој е обединет во екранот на мултимедиа комплексот.
Погонот на Opel GT X Experimental е преку електричен мотор, чии карактеристики засега не се соопштуваат. Тој се напојува од литиум-јонски батерии со моќност 50 kW / h, кои може да се полнат со помош на систем за индукционо полнење. Моментот се пренесува на предните тркала, а возилото има систем за полуавтоматско управување.
Во Opel очекуваат во 2021 година околу 40% од продажбата на брендот да бидат на SUV-автомобили, а во 2024 секој модел на брендот ќе се нуди во електрична модификација.