fbpx

Opel ќе ја електрифицира идната Astra

Базирана на EMP2 платформата на PSA, следната генерација на Opel Astra веројатно ќе добие и своја plug-in хибридна верзија

Следната генерација на Opel Astra ќе се произведува од 2021 година во два европски погони, вклучувајќи го и традиционалниот дом на брендот Rüsselsheim во Германија. PSA, Советот за работни односи и IG Metall се согласија околу можноста за производство на електрифицирана верзија на Astra во фабрикта во Rüsselsheim.

Престојната Opel Astra ќе се базира на EMP2 платформата на PSA, која овозможува заедничко производство на мотори со внатрешно согорување и plug-in хибриди на една производна линија, додека чистите електрични верзии се уште не се остварливи со оваа платформа. Иако ова овозможува електричната верзија на новата Astra да биде произведена во Rüsselsheim, Opel не специфицира точно каде ќе се гради Astra-PHEV.

За разлика од ова, Insignia ќе продолжи да се гради во Rüsselsheim. Шефот на Opel, Мајкл Лохшелер, изјави дека ова е важен чекор за фабриката во Rüsselsheim. „Оваа инвестиција ќе овозможи фабриката да работи во две смени, при што се обезбедува долгорочна иднина за погонот“, изјави тој.

Astra

На основа на EMP2, PSA во моментов нуди две варијанти. Претстојниот Opel Grandland X PHEV и неговите сестрински модели Peugeot 3008, Citroën C5 Aircross и DS 7 Crossback E-Tense 4 × 4 ќе имаат комбинација на бензински мотор и два електрични мотори. Погонската 1,6 литарска турбо единица испорачува 200 коњски сили, додека електричните мотори придонесуваат со по 109 коњски сили секој. Електричниот мотор е монтиран на задната оска.

Исто така се планира поедноставна верзија со само еден електричен мотор и погон само на предните тркала. Бензинскиот мотор тогаш ќе има излез од само 180 коњски сили, а електричниот мотор ќе остане на 109 коњски сили.

Поврзани вести

Back to top button