fbpx

Opel Manta GSe има Pixel-Vizor дигитална решетка

Opel пред извесно време го претстави Manta GSe ElektroMod концептот чија целосна презентација треба да се одржи на 19 мај, а сега објави нови интересни детали

Инспириран од Manta A од 1980 година, Opel Manta GSe ElektroMod е конвертиран автомобил кој користи електрична енергија за својот погон, заменувајќи го четирицилиндерскиот бензински мотор со електромотор и батерија чии детали допрва треба да бидат објавени. Но, во меѓувреме, германскиот производител објави нов, интересен тизер кој се однесува на дигиталната решетка на возилото.

Имено, GSe ElektroMod добива и таканаречена Pixel-Vizor предна решетка, која е комбинација на новиот Vizor корпоративен стилски печат, односно препознатливата дизајнерска решетка која се најде кај новите Mokka и Crossland, додека Pixel е најава за дигиталната преобразба.

Pixel-Vizor дигиталната решетка се протега низ целата предна должина на возилото и може да „комуницира со својата околина“, прикажувајќи различни пораки, како што е прикажано во последното тизер видео.

„Manta GSe ElektroMod е работа на пасионирани дизајнери, 3D моделари, инженери, техничари, механичари и производствени и бренд експерти. Со Manta GSe, ние создаваме мост меѓу големата традиција на Opel со посакуваната одржлива иднина. Оваа мешавина на духот на времето со модерното е навистина фасцинантна“, изјави глобалниот бренд дизајнер менаџер на Opel, Пјер-Оливие Гарсија.

Opel Manta GSе ElektroMod е единечен и уникатен проект чија цел е да се покажат дизајнерските можности, а засега нема најави дека компанијата ќе произведе повеќе вакви модели наменети за купувачите.

Поврзани вести

Back to top button