Opel веќе работи на следната генерација Мокка X
Opel работи на збогатување на кросовер палетата со уште една новина, со следната генерација на доста добро познатата и мошне посакувана на пазарот - Mokka X
Возилото доби дотерување неодамна, но германските инженери веќе работат на целосно нова генерација.
Првите шпионски фотографии покажуваат дека гигантот нема да направи радикални големи промени во формата и големината на крсоверот. Првите прототипи се уште се прилично силно маскирани, но сепак можеме да видиме повеќе промени во предниот дел и малку мускулест страничен профил. Во оваа фаза не располагаме со информации за техничката база на следниот Mokka X, но можеме да претпоставиме дека автомобилот ќе продолжи да доаѓа со познатите и веќе добро проверени бензински и дизел турбо мотори. Дополнително, ќе се развива и нов погон за сите четири тркала.
Имајки го предвид скорешното пристапување на Opel во редовите на PSA Group, не би било изненадувачки да видиме елементи од технологијата на Французите во новиот модел. Новиот Mokka X ќе биде подготвен за промоција во 2019 година, а неговото производство ќе се премести од Шпанија и Јужна Кореја во фабриката на Opel во Ајзенах, во Германија.