fbpx

Opel најави уште два електричи автомобили- Mokka и Vivaro

Во 2019 година Opel не само што ќе го одбележи својот 120-ти роденден, но и ќе направи сериозен чекор кон идната електрификација на своето портфолио.

Денес од компанијата објавија дека барања за купување на првиот plug-in хибрид на фирмата- Grandland X и на целосно електричната Corsa ќе почнат да се реализираат само по неколку месеци, односно во првата половина на следната година.

„Opel преминува на струја!“, коментира Михаел Лохшелер, извршен директор на Opel. „Го најавивме ова при претставувањето на стратешкиот план PACE, а сега почнуваме со имплементација. Новата Corsa ќе ја направи електричната мобилност достапна за многу клиенти. Тоа ќе биде вистински електричен автомобил за луѓето“, додава тој. Во однос на plug-in хибридот Grandland X, најновите информации, се дека вкупната максимална моќност на погонскиот систем ќе биде околу 300 коњски сили, а автомобилот ќе биде опремена со e-All Wheel Drive технологија за погон на четири тркала.

Иако овие најави се ветувачки сами по себе, од Opel продолжуваат со вестите и велат дека во 2020 година ќе станеме сведоци на појавата на уште два целосно електрични автомобили на марката- новиот Vivaro и компактниот SUV модел Mokka.

Поврзани вести

Back to top button