fbpx

Opel објави нови фотографии и детали за идната Mokka

Германскиот производител Opel објави нови информации и фотографии во јавноста во врска со престојната генерација на SUV моделот Mokka

Новата генерација на популарниот кросовер мина низ фаза на „ослабнување“ што е само почетокот на промените. Инженерите на Opel најавуваат дека идната генерација на Mokka ќе биде и до 120 килограми полесна од некогашниот модел. Ваквата заштеда во масата се припишува на преоѓањето на CMP платформата на PSA групацијата.

Германската марка веќе откри дека новата Mokka ќе има и своја електрична верзија. Оваа верзија ќе ги носи батериите во подот, а од Opel наведуваат дека со тоа торзионата крутост ќе биде зголемена за 30 проценти. Кога станува збор за дизајнот, забележливо е дека новата Mokka е под силно влијание на новата Corsa, а свое влијание во дизајнерскиот јазик има и моделот Grandland X.

Од Opel напоменуваат дека особено е обрнато внимание на три одлики – звучната изолација на кабината, стабилноста на возилото при големи брзини и општиот тренд на дигитализација во внатрешноста. Новата Mokka е наменета за помладата популација, па јасно е дека конективноста во кабината е високо на листата на приоритети за потенцијалните купувачи, а Opel се обидува да го следи трендот колку што тоа е возможно. Треба да се очекува ентериер сличен како кај Corsa, секако со поголем простор.

Opel Mokka

Кога станува збор за погонските единици, палетата на мотори ќе биде сочинета од 1,2-литарски бензински трицилиндерски агрегат и 1,5-литарски дизел мотор. Останува да се види во какви конфигурации ќе бидат понудени. Електричната варијанта на Mokka ќе го преземе електричниот склоп од Peugeot 2008.

Новата Mokka би требало да се појави на пазарот кон почетокот на 2021 година, така што може да се очекува премиерата да се одржи кон крајот на тековната година.

Поврзани вести

Back to top button