fbpx

Opel ја покажа Zafira Life во три должини

Opel ги објави првите детали од својата најнова понуда - Zafira Life. Моделот ќе се нуди во три должини- Small 4,6 метри, Medium 4,95 метри и Large 5,3 метри, а секоја од нив нуди можност за превоз до девет патника.

Од Opel коментираат дека малата верзија на Zafira Life е околу 10 сантиметри пократка во споредба со актуелната Zafira, а најголемата е со околу 65 cm подолга и е споредлива со патничкиот Vivaro Combi.

Opel Zafira Life ветува дека ќе им понуди на корисниците флексибилен и комфорен ентериер, богат сет сситеми за асистенција и технологии, вклучувајќи проекционен head-up екран, активен круз контрол, панорамски стаклен плафон, IntelliGrip систем, луксузно Lounge ниво на опрема и друго.

Новата Zafira Life ќе биде претставена официјално пред публика за време на меѓународниот саем во Брисел следната недела, а барања за купување на автомобилот ќе почнат да се реализираат во текот на следниот месец.

Opel исто така најавува дека на почетокот на 2021 година Zafira  ќе биде достапен и во целосно електрична верзија.

Поврзани вести

Back to top button