По успехот со Opel, PSA сака повеќе нови брендови
Семејството на Peugeot, еден од трите најголеми акционери во aлијансата PSA, ќе поддржи евентуално купување или спојување со други големи производители, бидејќи компанијата сака да придобие уште нови брендови
Главните кандидати насочени кон Французите се Fiat Chrysler Automobiles и Jaguar Land Rover. Причината за ова е успешното искуство со Opel, бренд кој PSA го купи од General Motors пред две години. Евентуално спојување со FCA ќе помогне на француската група да заземе позиција во Северна Америка, каде брендовите Jeep и RAM се многу популарни. Ова ќе му овозможи на Peugeot пристап до мрежата на дилери и нивните сервисни центри.
Во Fiat Chrysler Automobiles немаат ништо против соработката со друг голем производител, а тоа беше директно најавено од страна на главниот извршен директор на концернот. Меѓутоа, Французите исто така ја испитуваат можноста за купување на Jaguar Land Rover, кој му припаѓа на индиската Tata Motors, кој од неодамна има сериозни проблеми. Загубите на компанијата за последниот квартал од 2018 година се околу 4 милијарди долари.
Групата PSA доби целосна контрола над Opel во март 2017 година, при што PSA сега изнесува 2,2 милијарди долари. Заедно со германскиот бренд, Французите исто така го стекнаа британскиот Vauxhall бренд, кој произведува модели на Opel со волан од десна страна.