fbpx

Opel со нарачки за Corsa-e

Opel започна со примање нарачки за новата електричната Corsa по цена од 29.900 евра

Opel објави дека компанијата започна со прифаќање на барањата за купување на целосно електричната верзија Corsa-e. Пилот серија на електричниот модел- First Edition, се нуди по цена од 32.900 евра и на лизинг каде месечната рата е околу 299 евра.

Opel Corsa-e, која ветува автономија од околу 330 километри (WLTP циклус на мерење), може да биде нарачана по базна цена од 29.900 евра на територијата на Германија, а клиентите ќе можат да искористат различни олеснувања. Во стандардната опрема на нивото на имплементација Selection на електричниот модел се вклучени автоматска климатизација, електронска паркинг сопирачка, пристап без клуч до внатрешноста и стартување на погонот со копче, мултимедијален систем со 7-инчен екран, како и бројни системи за зголемување на активната безбедност. Следното ниво на опрема на Corsa-e – Edition, е проценето на 30.650 евра, а над него е нивото First Edition.

Батеријата на Corsa-e е со капацитет од 50 kWh, доаѓа со 8 годишна гаранција и може да биде наполнета до 80% за околу 30 минути. Електричниот мотор има моќ од 136 коњски сили и вртежен момент од 260 Nm. Автомобилот може да забрза од 0 до 50 km/h за 2,8 секунди и од 0 до 100 km/h за 8,1 секунда.
Првите испораки на Opel Corsa-e ќе бидат завршени во пролетта следната година.

Поврзани вести

Back to top button