fbpx

Opel Vivaro-e е интернационално комерцијално возило за 2021

Новиот Opel Vivaro-e е избран за интернационално комерцијално возило од страна на жири составено од 24 новинари, со што Opel доаѓа до втора ваква награда во последните две години

Целосно електрично комерцијално возило од германскиот производител на автомобили, Opel Vivaro-e, ја доби наградата на IVOTY од страна на стручното жири составено од 24 новинари и издавачи од независни магазини за лесни комерцијални возила.

Opel Vivaro-e е достапен во три должини и со многу варијанти на каросеријата. Електричната батерија на Vivaro-e им овозможува на професионалците да ја искористат предноста на подвижност со нула емисија на CO2 до „последниот километар“. Клиентите на Vivaro-е можат да изберат помеѓу две големини на литиум-јонска батерија, во зависност од нивните потреби: од 75 kWh за опсег до 330 километри или за оние кои имаат помалку интензивна дневна употреба на своето возило, од 50 kWh за повеќе од 230 километри според WLTP.

„Ние сме многу горди што новиот Vivaro-е е избран за интернационално комерцијално возило за 2021 година. Би сакал да им се заблагодарам на стручното жири на IVOTY за оваа награда која е најпрестижна и најпосакувана, во секторот на лесни комерцијални возила. Vivaro-e поставува нови стандарди во својот сегмент на пазарот и ја води електрификацијата во гамата на лесни комерцијални возила на Oрel. Следната година ќе ја додадеме ознаката „е“ на Combo и Movano, кои ќе бидат целосно електрифицирани пред крајот на 2021 година. Денес, Opel забрзано ја електрифицира целата своја гама, со веќе достапни шест модели како електрични или хибридни. До 2024 година ќе имаме електрифицирани верзии на сите наши патнички и лесни комерцијални возила“, изјави извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер.

Втора IVOTY награда за Vivaro

Базиран на платформата на PSA групацијата – EMP2, Vivaro-e нуди исклучително широк спектар на системи за помош при возење – за што доби признание од жирито на IVOTY. Кога станува збор за карактеристиките на Oрel Vivaro-e, покрај head-up екранот, Vivarо-e има и помош за одржување на лента, проширено препознавање на сообраќајни знаци, предупредување за поспаност, предупредување за можен удар напред и автоматско сопирање во итни случаи.

Opel веќе ја освои наградата Интернационално комерцијално возилo на годината со Astra Van во 1999 година, првата генерација на Vivaro во 2002 година и Combo во 2019 година.

Поврзани вести

Back to top button