fbpx

Opel влегува во 2020 со освежена Insignia

Германскиот седан по речиси три години на пазарот добива мали стилски промени и ажурирана технологија

Со препознатлив изглед, Opel Insignia добива мало освежување, кое е претежно фокусирано кај предниот дел на автомобилот, каде поставени се ревидирана решетка и редизајнирани светлосни уреди. Во долниот дел се наоѓа широк централен влез за воздух со нови вертикални отвори и кружни светла за магла.

Помали промени се забележуваат во задниот дел, со тоа што Insignia сега добива скромно ревидиран браник и нови излези од издувниот систем. Во однос на внатрешноста, слики не беа објавени од кабината, но предвидено е моделот да биде опремен со нов безжичен полнач за паметни телефони и ажуриран инфозабавен систем.

Со закажано деби за Саемот во Брисел следниот месец, производителот во тајност ги чува и податоците околу погонските единици, поточно дали ќе останат исти како и нередизајнираниот модел или сепак погонскиот спектар ќе се прошири и со нови мотори.

Поврзани вести

Back to top button