fbpx

Пристигнува осмата генерација на Porsche 911

По повод 55 години од дебитирањето на оригиналниот 911, новата генерација на овој спортски автомобил ќе ја одбележи својата светска премиера на шоуто во Лос Анџелес.

Прво малку историја за оваа спортска икона.

Оригиналниот 911 се роди на 12 септември 1963 година на Меѓународниот саем на автомобили во Германија (IAA) во Франкфурт. Porsche гордо го претстави својот нов спортски модел кој беше опремен со шест цилиндарски линиски мотор, со моќност од 130 коњски сили. Неговото производство заврши во 1973 година со вкупно произведени 111.995 единици.

porsche 911

Втората генерација

на овој модел претставуваше турбо верзија на оригиналниот 911, односно 3,0 литарски мотор поставен во задниот дел, која се појави во 1974 година. Патот на моделот 911 да стане икона беше зацртан со добивањето на своите нови изведби Cabriolet, Speedster и Targa.

Tретата генерација

претсавуваше новиот почеток за 911 позната како тип 964, каде беше комбинирана традиционалната силуета на класичниот модел со најсовремена технологија. Овде за прв пат беше достапен погонот на сите четири тркала, кој ги користеше сензорите на антиблокирачкиот систем за сопирање (ABS) кој, исто како и серво управувањето, стана стандардни за овој модел.

Четвртата генерација

на овој модел беше наречена тип 993 и претставуа едно од најпосакуваните генерации на овој спортски класик. Со целосно редизајнирана шасија, со лесна конструкција, стабилност и агилност, 911 си ја обезбеди водечката позиција во сегментот на спортски автомобили.

porsche 911

Петтата генерација

беше претставена во 1997 година  на овој автомобил, наречена тип 996. По цели 34 години производство, Porsche превзеде храбар чекор и го замени воздушното ладење со водно. Со ова производителот целосно ја преработи иконата со новиот 911 и со тоа реши голем број предизвици.

Шестата генерација

односно тип 997 беше достапна од 2004 година во повеќе различни верзии од кога било досега: купе или Targa, кабрио или Speedster, заден или погон на сите тркала, со тесна или широка каросерија, со водено ладење природно аспириран и турбо мотори и многу разни спортски верзии. Овој модел вкупно броел 24 изведби, вклучувајќи ги и посебни модели, со огромен спектар на опции за персонализација.

Седмата генерација

Како технички најнапреден модел на 911 досега се појави во 2011 година. Со адаптивна аеродинамика, овој модел беше првиот сериски спортски автомобил од Porsche кој ја прифати оваа технологија од хибридниот супер спортски автомобил 918 Spyder. Седмата генерација на 911 беше апсолутен бестселер за Porsche, кој во периодот од 2011 до 31 октомври 2018 година беа произведени 217.930 единици.

Вкупната бројка на продадени 911 од своето деби во 1963 година до крајот на октомври 2018 година, изнесува 1.049.330.Најновата односно осмата генерација на овој легендарен спортски автомобил е наречена тип 992, а ќе биде целосно обелоденета на својата светска премиера на шоуто во Лос Анџелес.

Оваа освежена изведба претрпела еволуционерна промена.

Таа најмногу може да се забележи во задниот дел на овој класик, каде фаровите се споени со едноделна светлосна линија. Аеродинамичкиот спојлер е редизајниран во насока на подобро справување со воздушните бранови, а и опремен е со сопирачко светло на високо ниво.

Промените кај овој модел се забележуваат и во неговиот преден дел, каде хаубата е поиздолжена, а исто така може да се забележат и дополнителни сензори вградени во воздушните отвори кои можеби се навестување за новите полуавтономни системи за возење кај овој модел.

Поголемите тркала исто така имаат и поголеми кочни дискови, па така моделот Carrera добива челични ротори во внатрешноста на неговите 18-инчни предни и 19-инчни задни фелни, додека Carrera S добива поголеми челични дискови кои се наоѓаат во внатрешноста на 20 и 21-инчните фелни. Исто така кај повеќето модели ќе бидат понудени и керамички композитни сопирачки.

Целосните спецификации околу осмата генерација на овој класик ќе бидат достапни по неговата премиера, но она што веќе ни е познато е дека Porsche 992 Carrera ќе биде погонуван од 3,0 шест-цилиндарскиот хоризонтален мотор, кој испорачува моќност од 380 коњски сили. Помоќната варијанта односно Porsche 992 Carrera S ќе биде опремена исто така со 3,0 шест-цилиндарскиот хоризонтален мотор, чија излезна моќност е 444 коњски сили.

Новиот Porsche 991 ќе биде достапен на пазарот веќе наредната година.

Поврзани вести

Back to top button