Освежениот Rio пристигна во салонот на Kia
На македонскиот пазар пристигна и освежениот Rio, а истиот веќе може да се погледне во продажно-изложбениот салон на Kia во Македонија
Освежената четврта генерација на Kia Rio сега е достапна за македонските купувачи и е изложена во продажниот салон на Kia. Она со што се карактеризира унапредениот модел се низата подобрување, со што Rio повторно ја засилува својата позиција во B сегментот.
Кia Rio на македонскиот пазар ќе се нуди во три нови нивоа на опременост кои комбинираат два агрегати. Базичното ниво се комбинира исклучиво со новиот 1,2-литарски бензински агрегат со петстепен мануелен менувач и 84 КС, додека во повисоките опреми е вклучен и 1,0-литарскиот бензинец со 100 КС, а купувачите можат да бираат меѓу шестстепен мануелен или седумстепен автоматски менувач. Новина кај погоните е и системот за блага хибридна технологија кој доаѓа со 1,0-литарски мотор со моќност од 120 коњски сили.
Покрај 1,2-литарскиот мотор, во базичното ниво освежениот Kia Rio пристигнува и со ESC-систем за контрола на стабилизација на возилото со вклучени: EBD-ABS-контрола на силата на сопирање и спречување на блокирање на тркалата при ненадејно сопирање, TPMS-контрола на притисок во пневматици, мануелен клима уред, аудио систем со USB конекција и 4 звучници, аудио команди на управувач и Bluetooth конекција за поврзување со телефон + Audio Streaming.
Во Reference 1 пакетот на опременост се нуди дополнително со FCA-систем за избегнување фронтален удар со препознавање на пешаци, темпомат, ограничувач на брзина, аудио систем со 8-инчен екран на допир од инфозабавниот систем со поддршка за Android Auto и Apple Car Play, предни LED дневни светла, како и предни и задни сензори за помош при паркирање. Секако, најопремената изведба е Reference 2, а во неа се вклучени автоматска контрола на светла, сензор за дожд, внатрешен ретровизор со електронско замаглување, автоматски клима уред стартување на моторот со копче, предни и задни LED светла.
Повеќе информации за освежениот Kia Rio може да погледнете на официјалната страна или во продажниот салон на Kia Motors Macedonia.