fbpx

Освежување за Renault Talisman

Последната промена која Renault ја направи на овој семеен седан, Talisman, беше пред околу една година кога го воведе 1.8-литарскиот турбо бензински мотор од Megane RS со 225 коњски сили

Според Motor1.com се гледа дека Renault мисли на мала промена во овој модел. Од сликите на кои е прикажан прототип на Talisman со мала камуфлажа може да се каже дека обликот и дизајнот на решетката ќе биде променет а долниот дел на браникот ќе добие нови панели. Покрај предниот дел и задните светла ќе добијат освежување. На фотографиите се забележува камуфлажа и во внатрешноста на автомобилот што укажува на подобрување на кабината, ревидирана централна конзола и надградба на инфо- забавниот систем.

Talisman

Со само 19.784 испораки во Европа минатата година, Talisman не е ни близу до лидерите во сегментот D во Европа. Volkswagen Passat сеуште доминира во класата со 154.074 продадени возила, по кој следува Skoda Superb со 74.697 продадени возила, Opel Insignia со 67.424 продадени возила и Ford Mondeo со 49.596 продадени возила.

Логично би било Renault да го покаже моделот во Франкфурт оваа есен, но поголема е веројатноста дека овој модел деби би имал во Женева во март 2020 година.Talisman

Поврзани вести

Back to top button