fbpx

Откажан Салонот во Брисел за 2021 година

Пред неколку недели организаторите на Салонот во Брисел истакнаа дека манифестацијата ќе се одржи во јануари следната година, но сега доаѓа до промена на планот

Салонот во Брисел требаше да се одржи од 15 до 24 јануари 2021 година, а организаторите најавуваа максимално почитување на мерките со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Сепак, сега пристигнуваат информации за промена на плановите. Имено, организаторите наведуваат дека 99-тото издание на Салонот во Брисел ќе биде откажано, поточно одложено за 2022 година и некои подобри времиња, кога се однесува на коронавирусот.

Причината за ваквата одлука на организаторите е здравствената ситуација во Белгија, каде што работите се влошуваат, а тамошните власти го очекуваат вториот бран на епидемијата. Ситуацијата е слиична и со повеќето други европски држави, така што јасно е дека ваквите настани се уште се невозможни на Стариот континент.

Иако Салонот во Брисел не спаѓа во редот на најголеми во Европа, сепак во последните години успеа да нагости голем број новитети. Освен тоа, ова е единствениот автомобилски настан кој успешно се одржа на европско тло годинава, со оглед на тоа дека целата манифестација се одржа пред самиот почеток на пандемијата на коронавирусот.

Исто така, ова е една од ретките автомобилски манифестации по која производителите и дилерите ќе имаат причина да жалат. Имено, белгиските медиуми пишуваат дека околу 30 проценти од годишната продажба на автомобили во Белгија е договорена токму за време на траење на овој салон, што е сериозна бројка.

Како и да е, организаторите на Салонот за автомобили во Брисел веќе најавија кога ќе биде одржана следната манифестација, а тоа е од 14 до 23 јануари 2022 година, секако, ако ситуацијата со пандемијата биде поволна до тогаш.

Поврзани вести

Back to top button