fbpx

Пад во глобалната продажба во февруари

Според последните податоци на агенцијата LMC Automotive, во изминатиот месец, во глобалната продажба на нови автомобили се забележува намалување од 1,3% во споредба со февруари 2017, односно вкупниот показател достигна ниво од 6.841.467 пласирани единици

Главен „виновник” за падот во февруари, е најголемиот светски пазар, во Кина, каде во февруари се забележува пад од 9,1%, односно реализирани 1.722.967 автомобили. Намалување се регистрира и на територијата на Соединетите Американски Држави од -2,4%, или понудени вкупно 1.299.520 возила, потоа во Јапонија од -2,1% (469.139), како и Кореја -7,7% (122 .925). Позитивен резултат во бизнисот со нови автомобили се забележува во Канада + 2,3% (125.553), Западна Европа + 3,8% (1.185.935) и Источна Европа + 13.5% (314.444).

глобалната продажба

Сериозен фактор во бизнисот продолжува да биде рускиот пазар на автомобили, кој во февруари забележа уште еден импресивен пораст во реализацијата + 24,7%. Охрабрувачки за обновата на бизнисот е и претставувањето на Бразил и Аргентина, каде во февруари биле реализирани 217.336 нови автомобили или за 14,9% повеќе во споредба со истиот месец минатата година.

Поврзани вести

Back to top button