Pagani Zonda Aether продадена за 6.812.000 долари
За уште една уникатна Pagani Zonda новиот сопственик на аукција во Абу Даби (Обединети Арапски Емирати) издвои енормни 6.812.000 долари
Пред само неколку дена во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, уникатна бела Zonda Riviera доби нов сопственик кој издвои 5.885.000 долари. Сепак, тоа веќе не е најскапата продадена Zonda. Имено, уште еден богат љубител на автомобилска егзотика, на слична аукција одржана во Абу Даби, за уникатен примерок на Zonda Aether издвои огромни 6.812.000 долари.
Исто така, уникатниот примерок на Zonda наречен по воздухот над облаците, Pagani го произведе во 2017. година. Црната карбонска каросерија украсени со црвени детали на себе носи неколку елементи од моделот Zonda Cinque, а зеленото копче за стартување на 12-цилиндриското „чудовиште“ од AMG поставен во задниот дел, e „позајмено“ од Zonda R.
Моторот развива 750 КС при 8.000 вртежи во минута. Специфичноста на Aether е и тоа што преносот на силата на задната осовина се извршува со посредство на рачниот 6-степен менувач, со оглед на тоа поголемиот дел од Zonda автомобилите се испорачани во комбинација со автоматски менувач со двојна спојка. Токму 6-степениот менувач бил меѓу најпосакуваните детали на новата Zonda, открија организаторите оваа аукција. Овој луксузен модел на Zonda Aether е облеан во карбон, ентериерот е кожен, со детали од дијаманти, а автомобилот има поминато само 1.400 километри.
Аукцијата во Абу Даби исто така беше домаќин на уште една голема продажба, а тоа е Formula 1 болидот на Михаел Шумахер од 2002. година, кој на крајот беше продаден за огромни 6.6 милиони долари.