fbpx

Париз 2018: Citroën со 25 автентични автомобили ја одбележа 120 годишнината на Парискиот автомобилски саем

За време на викендот во Париз, се одржа историската парада за прославување на 120-годишнината на „Paris Motor Show“, која почна од La plaza de la Concordia, а Citroën изложи 25 автентични модели од својата историја

Citroën модели кои можеа да се видат се првиот тип А од 1919 година до новиот C5 Aircross SUV од 2018 година, преку TractionAvant, 2CV, Ami 6, Méhari, SM, CX, и други. Изложените историски модели од колекционери и од музејот на марката беа само најава за јубилејните прослави за еден век Citroën наредната година.

По повод 120-годишнината, „Paris Motor Show“ во исто време организираше извонредна историска парада низ улиците на Париз. Од 10 часот во La plaza de la Concordia, беа прикажани повеќе од 230 историски возила. А, истите подоцна ја започнаа својата парада од Place de la Concorde, минувајќи низ некои од најпознатите локации во главниот град, како што се la Placedes Invalides, lequai Branly и les Champs-Elysées.

Овој несекојдневен настан, ги примами ентузијастите и вљубеници во историјата на моторните возила, а воедно даде јасна најава за она што ќе следи по повод 100-годишнината на Citroën во 2019 година.

Поврзани вести

Back to top button