Париз 2018: Третиот “N” модел во гамата на Hyundai
Првото пет-вратно купе во компактниот сегмент на Hyundai, како микс меѓу практичност и брзина.
Новиот i30 Fastback N претставува практичен но спортски автомобил. Новиот член на “N” семејството ги прифаќа истите агресивни дизајнерски линии како и останатите два модела, но повеќе прилагоден кон секојдневните услови. Во предниот дел се наоѓа веќе познатиот 2.0 литарски турбо бензински мотор, кој овојпат ќе биде достапен во две изведби, со 246 или 271 коњски сили кај оној опремен со Performance пакетот.
И кај двата, максималниот вртежен момент изнесува 353 Nm, или привремени 378 Nm со активирање на overboost функцијата. Овие мотори ќе се придружувани од шест-степен мануелен менувач. Првата верзија, односно онаа со 246 коњски сили, од 0-100 km/h забрзува за 6.4 секудни, додека кај втората, ова време е нешто пократко, одсносно 6.1 секудна, додека пак максималната брзина и кај двете достига 250 km/h.
Моделот Fastback N претставува постилска изведба од помалиот i30 N, дизајниран со цел да овозможи максимална забава при возењето.
Во однос на надворешниот изглед, предницата му е речиси иста како кај i30 N. Задниот дел претставува комплетно нов дизајн, со хромирани издуви и робусен дифузер, како и аеродинамилниот спојлер поставен на капакот од багажникот. Стандардната верзија на i30 Fastback N ни доаѓа со 18-инчни алуминиумски тркала, а 19-инчни кај Performance пакетот.
Овој модел доаѓа со пет различни режими на работа на моторот и тоа: Eco, Normal, Sport, N и N Custom. Возачот може да го избере посакуваното поставување со помош на копчињата монтирани на воланот, додека пак на екранот се појавува целосното мени кое содржи повеќе опции со што се проширува изборот на поставувања.