Пекинг 2018: Деби за Lexus ES
Lexus прв пат објави тизер фотографија на следната генерација на ES седанот, кој ќе го видиме на крајот од овој месец, на салонот во Пекинг
Се очекува моделот да има зголемени димензии и ефикасно да го замени сегашниот ЕS, како и поголемиот GS. На овој начин, возилото ќе се соочи со директни конкуренти, како што се BMW 5 и Mercedes-Benz E класа. Иако двата модели, ES и GS се радикално различни, еден е на погон на предните тркала, а другиот со заден пренос, Јапонците ќе понудат само еден модел што ќе ги замени.
Компанијата ветува смели промени во ЕЅ, дури и алудирајки клиентите „да очекуваат и нешто неочекувано”. Најверојатно, како и другите актуелни Lexus производи, визијата ќе биде прилично храбра, сугерирајки елементи од популарниот луксузен имиџ на компанијата.