Два од електричните модели кои Nissan ќе ги демонстрира на штандот на Auto China 2018 се познати, презентирани за време на меѓународниот салон во Женева оваа година, концептниот IMx KURO и новата генерација на првиот во светот масовно достапен електромобил – LEAF.
За третата електрична изведба од компанијата не даваат никакви детали, но велат дека таа ќе има главен акцент на брендот за саемот и ќе и помогне на компанијата во иднина да го задоволи постојаното зголемување на побарувачката на електрични автомобили во Кина.
Nissan го најави својот нов SUV Terra на крајот од февруари оваа година и потенцира дека ќе биде достапен за купување во Кина и неколку други азиски пазари оваа пролет.