fbpx

Пекинг 2020: Geely Preface со светска премиера

Главниот адут на Geely во седан сегментот, моделот Preface, ја доживеа својата светска премиера на Салонот во Пекинг под кинеското име Xing Rui

Geely Preface ја дочека својата светска премиера, а купувачите во најголемиот автомобилски пазар на светот ќе го знаат под името Xing Rui. Овој назив воспоставува врска и со вториот CMA базиран автомобил на Geely, Xing Yue кросовер купе автомобилот.

Geely Xing Rui, или Preface, има слични димензии со Volvo S60, односно неговата должина изнесува 4.785 милиметри, долг е 1.869 и висок е 1.469 милиметри. Според производителот, меѓуосовинското растојание од 2.800 милиметри го прави еден од најголемите и најпространи автомобили во сегментот. Комфорот на патниците во задниот дел е приоритет, со специјално внимание посветено на поголемиот простор за нозете.

Geely

Освен тоа, Compact Modular Architecture платформата му дава на Xing Rui „ново ниво на софистицираност кога станува збор за внатрешниот простор, звучната вибрација и управливоста, економичноста и перформансите“.

„Знаменосецот“ на Geely во сегментот на седани се карактеризира со 12,3-инчен централен екран поддржан од GKUI Smart EcoSystem инфозабавниот систем и широк дигитален инструмент кластер со конфигуративна графика. Интервејсот е целосно поврзан со cloud технологија, овозможувајќи OTA бежични унапредувања.

Geely исто така потврди дека 2,0-литарскиот TD турбо четирицилиндричен бензински мотор ќе се најде во понудата уште на лансирањето во комбинација со седумстепен менувач со двојна спојка и погон на предните тркала. Иако не се објавени никакви спецификации, кинеските медиуми пренесуваат дека моторот произведува 190 КС и 300 Nm максимален вртежен момент.

Xing Rui ќе се најде во продажба во Кина во следните месеци, а подоцна се очекува Preface извозниот модел да дебитира на одредени пазари надвор од Кина.

Поврзани вести

Back to top button