fbpx

Пекинг 2018: Audi го покажа првиот SUV со долга база

Audi го користи меѓународниот салон во Пекинг за да демонстрира Q5L- првиот во историјата SUV предлог со издолжена база

Audi Q5L е дизајниран специјално за кинескиот автомобилски пазар и доаѓа со 88 mm зголемување на должината (до 4.77 метри), a како резултат на ова постигнат е поголем комфор за патниците на задните седишта. Издолжената верзија на Audi Q5 ќе се нуди со пет нивоа на опрема – Vogue, Lifestyle, Design, Sport и Sport plus.

Audi Q5L

Audi Q5L ќе биде лансиран на кинескиот пазар во летото оваа година, неговите идни сопственици ќе можат да избираат и две нивоа на моќ на дволитарскиот TFSI мотор, меѓу модификации со 190 и 252 коњски сили, кои ветуваат можност за забрзување од 0 до 100 km/h за 8,6 и 6,7 секунди, систем за погон на четири тркала quattro и роботски седумстепен S tronic менувач.

Поврзани вести

Back to top button