fbpx

Пекинг 2018: Buick со деби на електричниот автомобил Enspire

Buick најави дека за време на меѓународната изложба на возила во Пекинг, која започнува следната недела, ќе го претстави сеопфатниот електричен концепт- Enspire

Buick Enspire демонстрира поглед на компанијата кон идината на тема луксузен електрични SUV модел, со силни и доминантни екстериерни линии, оптимизирана аеродинамика и најнови технолошки решенија. Во ентериерот на концептот откриваме централна конзола и потпирачи за раце направени од дрво, OLED информативен екран, како и интелигентен систем за виртуелна реалност врз основа на проекција на head-up екран, 5G интернет конекција и други елементи.

Enspire

Концептниот Buick Enspire е опремена со целосно електричен погонски систем, а моќноста која ја достигнува се импресивни 410 kW или речиси 560 коњски сили. Футуристичкиот SUV модел е во можност да се забрза од 0 до 96 km/h за 4 секунди, а со едно полнење на батеријата може да помине до 600 километри. Полнењето на акумулаторот може да се случи на два начина- со систем за брзо полнење и целосно безжично, а за постигнување на 80% се потребни само 40 минути.

Поврзани вести

Back to top button