fbpx

Перформансниот Ford Mustang Mach-E GT пристигнува во Европа

Електричниот перформансен кросовер на Ford, моделот Mustang Mach-E GT, конечно е претставен во Европа, каде ќе се најде во продажба кон крајот на 2021 година

Како што најавуваат од Ford, нивниот Mustang Mach-E GT ќе биде кросовер со најголемо забрзување во својата класа. Европските купувачи кои ќе го нарачаат електричниот SUV оваа и следната година, ќе добијат петгодишен бесплатен пристап до FordPass полнечката мрежа која сега вклучува повеќе од 155.000 полначки станици ширум Европа. Купувачите исто така ќе добијат и една година бесплатен пристап на IONITY брзополнечката мрежа.

„Новиот Mustang Mach-E GT покажува што всушност претставуваат целосно електричните перформанси. Но, перформансите не значат ништо без самодовербата да се искористат. Нашите полнечки иницијативи значат дека купувачите на Mustang Mach-E можат да уживаат во возачкото искуство на електрифицираниот Mustang со знаење дека ќе можат брзо и лесно да го наполнат својот автомобил низ Европа“, изјави шефот на Ford of Europe, Стјуарт Раули.

Mustang Mach-E GT има погон со два електромотори кои испорачуваат 465 КС и 830 Nm вртежен момент. Од нула до „стотка“ стигнува за 3,7 секунди, што е еднакво на Tesla Model Y. Перформансниот електричен кросовер доаѓа со 88 kW батерија како стандардна. Благодарение на ова, Mach-E GT има автономија на движење од 500 километри со едно полнење според WLTP циклусот.

Во меѓувреме, специјалните спецификации наменети за европските купувачи го вклучуваат и MagneRide адаптивниот систем на потпирање, 20-инчни алуминиумски тркала и сопирачки во црвена боја. Тука се и уникатните бои за екстериерот како Grabber сина и Cyber портокалова. Во внатрешноста се наоѓа 15,5-инчен Full HD екран, Ford Performance седишта и уникатен управувач.

Во истото соопштение, Ford ja најави и стандардната Mustang Mach-E варијанта која пристигнува со батерија со продолжен опсег на движење и погон на сите четири тркала. Овој автомобил ќе стигнува до 100 километри на час за 5,1 секунда. Ќе може да помине до 540 километри со едно полнење.

Поврзани вести

Back to top button