Peugeot 208 e Европски автомобил на годината
Peugeot 208 е избран за Европски автомобил на годината (CotY) од страна на жиритo во конкуренција на уште шест автомобили
Peugeot 208 успеа да ја добие титулата за Европски автомобил на годината во конкуренција на Tesla Model 3, Ford Puma, Toyota Corolla, Renault Clio, BMW Серија 1 и Porsche Taycan.
Компактниот автомобил на францускиот производител, кој во понудата пристигнува со конвенционални мотори како и електричен погон, освои 281 поен во гласањето за Европски автомобил на годината, избор кој оваа година се одржа по 57 пат. Зад Peugeot 208 останаа Tesla Model 3 со 242 поени, Porsche Taycan со 222 и Renault Clio со 211 поени. Ford Puma следува зад нив со 209 поени, пред Toyota Corolla со 152 поени и BMW Серија 1 со 133 освоени поени.
За изборот се задолжени 60 мониторинг новинари од 23 земји во Европа кои избираа од листа од преку 30 нови модели кои пристигнаа на пазарот оваа година. Секој член на жирито има 25 поени кои ги распоредува, со максимални 10 поени за еден финалист.
И покрај тоа што Интернационалниот Салон за автомобили во Женева се откажа, сепак изборот за Европски автомобил на годината (Car of the Year) се одржа во Palexpo, но без присуство на публика. За разлика од некои други европски награди, Европски автомобил на годината е независен избор од автомобилските производители.
По низата тестирања низ кои минаа автомобилите, седумте финалисти беа однесени во околината на Париз за последни проби пред членовите на жирито пред тие да ги донесат своите последни одлуки.