fbpx

Peugeot 308 ќе добие и електрична верзија

Францускиот производител ќе лансира електрична и блага хибридна верзија на новиот 308, потврдија од редовите на Peugeot

Peugeot 308 најверојатно ќе добие своја електрична верзија, заедно со верзија со блага хибридна технологија. Ова го истакна шефот за развој на нови производи на Peugeot, Жером Мишерон, кој потврди дека француската компанија ја разгледува опција за целосно електрично издание на новата генерација на 308.

Откако претходно беше јасно дека 308 нема да добие PSE верзија, сега пристигнуваат нешто поинакви информации, но истите се поврзани околу потенцијална електрична верзија која ќе влезе во семејството на хечбек моделите. „Сакаме на купувачите да им понудиме моќ на изборот, бидејќи пазарот многу брзо се менува и настојуваме кон тоа да имаме вистински одговори“, изјави Мишерон за Autocar и додаде:

„Ќе го понудиме 308 со дизел и бензински мотори, но веќе одлучивме да додадеме и благ хибрид, а имаме планови и за електрична варијанта“. Тој потврди дека најверојатно ќе ја користат постоечката EMP2 платформа. Според официјалните информации, оваа архитектура може да поддржи автомобили кои корисат традиционални мотори на внарешно согорување, потоа благи хибридни верзии, како и plug-in хибриди. Досега не постоеја многу најави околу тоа EMP2 да се користи како база за целосно електрични модели, бидејќи таа улога е посветена на помалата платформа CMP, која ја користат Peugeot 208, Opel Corsa и новиот Citroen C4, кој пак е дел од С сегментот, исто како и Peugeot 308. Но, Peugeot покажа дека EMP2 може да се користи како база за електрични возила, бидејќи ја искористи за електричниот e-Traveller.

Peugeot подготвува и нова платформа

„Ќе се потпреме на EMP2, но во Stellantis групацијата имаме повеќе опции за електрификација“, откри Мишерон.

Плановите на Peugeot се 308 да биде еден од столбовите на големиот подем на марката и главна цел е да се симне Golf од тронот во С сегментот. Доколку францускиот производител навистина реши новиот хечбек да добие и ЕВ верзија, тогаш треба да се очекува да се искористи веќе постоечката комбинација на батериja од 50 kWh и електромотор од 136 КС која се нуди кај некои модели на Stellantis.

Покрај тоа, групацијата започна со работа и на новата платформа eVMP која би требало да дебитира во 2023 година и да овозможи поставување на поголеми батерии, а работат и на помоќни електромотори за новата генерација на електрични возила.

Поврзани вести

Back to top button