НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Peugeot го враќа 4008 во својата гама

Францускиот производител Peugeot планира да го врати 4008 во својот асортиман

Тоа ќе биде кросовер од средна класа, што ќе биде достапен на пазарот во 2020 година.

Според информациите, автомобилот ќе ја користи модуларната платформа EMP2 на PSA концернот, која е основа на многу модели на Peugeot и Citroen. Крос-купето ќе добие 3-цилиндерски бензински мотори од семејството PureTech и дизел мотори со 4 цилиндри со зафатнина од 1,6 и 2,0 литри. Ќе има и две хибридни модификации, во чија основа ќе биде 1,6-литарскиот мотор THP. Послабиот ќе работи со еден дополнителен електромотор и ќе развива 240 КС, а помоќниот – со два, а моќноста ќе биде 300 КС.

Peugeot

Моделот Peugeot 4008 официјално беше претставен во септември 2011 година, а неговото производство започна во почетокот на 2012 година. Тој беше развиен во соработка со Mitsubishi Motors, а на истата платформа се уште Mitsubishi ASX и Citroen C4 Aircross. Во 2017 година, 4008 беше заменет од Peugeot 3008.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close