fbpx

Peugeot 508 освои награда за дизајн

Новата генерација на Peugeot 508 ja доби една од престижните награди за дизајн презентирани од Automotive News Europe

Еуростар наградата за дизајн секоја година ги наградува брендовите кои создаваат иновативен производ во автомобилскиот сектор. Наградата му беше доделена на Пјер-Пол Матиу, кој го предводи дизајнерскиот тим кој работи на новитетот. Новиот Peugeot 508 е награден не само за смелите надворешни линии, туку и за необичните внатрешни решенија.

Моделот ја добил најновата верзија на PEUGEOT i-Cockpit®, која ги задржува клучните компоненти: компактен волан, голем 10-инчен екран на допир и дигитален приказ на нивото на очите со висока резолуција и можност за персонализација.

Во Париз, францускиот производител исто така презентираше уште еден извонреден модел кој беше покажан преку слики неколку дена пред отворањето на изложбата. Тоа е коцептуалниот Peugeot e-Legend, чија цел е да покаже како современите дизајнерски решенија можат да даваат линкови кон минатото.

И ова не е случајно, бидејќи овој модел е инспириран од легендарното купе 504. Во бројки концептот изгледа вака: моќност од 462 КС, забрзување од 0 до 100 km/h за 4 секунди и километража со едно полнење од 600 километри.

Поврзани вести

Back to top button